Почест за момчето од Пакистан што загина спречувајќи бомбаш самоубиец

Полицијата во Пакистан порача момчето коe почина додека запираше акција на бомбаш самоубиец во неговото училиште, да биде постхумно награденo со највисока цивилна почест, објавија светските медиуми.

Почест за момчето од Пакистан што загина спречувајќи бомбаш самоубиец

Aитсаз Хасан, кој имал само 15 години го спречил бомбашот да влезе во училиштетот и тој се разнесол на капијата. Младиот херој Хасан подоцна починал од повредите во болница.

Во моментот кога терористот се подготвувал да го активира експлозивот што го носел на себе, во училиштето имало околу две илјади ученици.

Според очевидци на настанот, објави ББС, Хасан играл со група свои врсници во дворот на училиштето во понеделникот, кога забележал човек кој на себе имал елек полн со експлозив, какoв што користат исламистичките бомбаши-самоубијци.

Неговите другари побегнале кон училишната зграда, но Хасан се стрчал кон терористот, обидувајќи се да го спречи во неговата намера. Во моментот кога момчето се нашло до него, убиецот го активирал експлозивот.

Неговиот татко изјавил дека е горд што синот спасил многу животи и што загинал за татковината. Инцидентот се случил во областа Хангу, во северозападниот дел на Пакистан, каде мнозинството од населението се шиити.