Побеле река Брегалница кај Штип, градоначалникот Бочварски соопшти дека е познат изворот на загадување

Реката Брегалница пред Штип попладнево целосно побеле и од неа започна да се шири непријатна миризба, сведочат локалци.

Во текот на денот, на лице место излезе екипата на крим техника од Полициската станица-Штип и членовите на Здружението на спортски риболвци „Брегалница 2011“- Штип за да земат мостри од реката. Тие бараат на терен да излезат и инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина за да откријат кој стопански субјект ја направил хаваријата.

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, на својот профил на Фејсбук вечерва напиша дека е пронајден изворот на загадување.

„Би сакал да ги информирам граѓаните дека заедно со претставници на риболовното друштво и неколку загрижени граѓани лично бев на терен и го пронајдовме изворот на загадувањето во реката Брегалница, во еден од превозниците во Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони – ТИРЗ. Повикав надлежен инспектор и крим полиција кои веќе се на лице место. Калкулации не смее да има! Секој мора да ја сноси одговорност за своите постапки!“, напиша тој.

Според него, денешната слика од коритото на река Брегалница е крајно вознемирувачка и побара да бидат изречени најстроги казни за сторителите.

Локалци реагираат дека ова не е првпат реката Брегалница да биде загадена од отпадни хемикалии, но првпат се случило да добие  бела боја. Дел на социјалните мрежи споделуваа фотографии од денешната состојба на реката.

☢️Арно ја дочувавте ☢️Брегалница☢️ и биодиверзитетот на брегалничкиот регион! Неспособноста и на природата ја покажавте …

Posted by Nicola Caracashoff on Tuesday, 23 June 2020