„Победа над популизмот“ во Холандија

На парламентарните избори кои вчера се одржаа во Холандија, најмногу места освои Либералната партија на премиерот Марк Руте, јавија светските медиуми,

Првичните анкети од гласањето покажаа дека партијата на Руте освои 32 пратенички места, наспроти 19 што ги доби партијата на екстремниот десничар Герт Вилдерс, по што медиумите и дел од политичарите ги оквалификуваа изборите како „победа над популизмот“.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер го поздрави „гласот против екстремистите“, а шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Петер Алтмајер и честиташе на Холандија за „сјајниот избор“.

По реакциите од Брегзит и претседателските избори во САД, резултатите од овие парламентарни избори со нетрпение се очекувани од Европа поради тоа што тие би можеле да бидат индикатор за силата на крајната десница пред изборите во Франција и во Германија, кои треба да се одржат во текот на годинава.