По Вашингтон и Колорадо, се бара легализирање на марихуаната и на Алјаска

Законите за забрана на марихуана во САД полека се либерализираат. По Вашингтон и Колорадо, група граѓани на Алјаска вршат притисок да се легализира рекреативната употреба и во оваа држава.

Поведени од растечката јавна поддршка, Кампањата за регулирање на марихуаната обезбеди повеќе од 45.000 потписи кои во средата беа предадени на официјалните претставници во Алјаска. Потребни се околу 30.000 проверени потписи за барањето да се квалификува за гласање во август.

По Вашингтон и Колорадо, се бара легализирање на марихуаната и во Алјаска

„Предложената иницијатива ќе ја тргне продажбата на марихуана од црниот пазар и ќе ја направи легитимен, бизнис за кој се плаќа данок”, смета Тим Хинтербергер, еден од спонзорите на иницијативата.

„Заменувањето на забранетата марихуана со систем на даноци и разумна регулатива, ќе ја зајакне економијата на Алјаска и ќе создаде работни места и ќе генерира приходи за државата.”

Предлог сличен на овој веќе помина во Колорадо за легализирање на одгледувањето, купувањето и конзумирање на марихуаната за лица постари од 21 година. Законот на Алјаска во моментов овозможува, со рецепт за медицинска марихуана, нејзино легално одгледување до шест стебла, или поседување количина до една унца.

Предлогот не само што ќе ги отвори вратите за рекреативна употреба, туку обезбедува и повеќе опции за корисниците на медицинска марихуана кои сега имаат ограничен пристап, вели Хинтербергер.

Сепак противниците на легализацијата на марихуана велат дека постојат сериозни здравствени последици и тврдат дека дрогата е често врата за влез на штетни супстанции кои создаваат зависност.

Вашингтон и Колорадо ја легализира рекреативната употреба на марихуана минатата година. Колорадо стана првата држава во која започна продажбата во текот на овој месец. Продажбата во Вашингтон се уште не е започната.

Покрај Колорадо и Вашингтон, во уште 18 други држави и областа Колумбија се овозможи одредена легална употреба на марихуаната, првенствено за медицински цели, пишува CNN.