По трет пат бесплатен јавен превоз во Скопје поради загадувањето

Поради надминување на прагот на аерозагадување од 200 микрограми на метар кубен во текот на два последователни дена, во Скопје се воведува бесплатен јавен превоз. Мерката, како што изјави градоначалникот Петре Шилегов, почнува да важи веднаш, од денеска во 10:30 часот.

Бесплатниот јавен превоз, кој се воведува третпат зимава поради алармантно загадување на воздухот во Скопје, a ќе биде обезбеден се до нормализирање на состојбата воздухот, како дел од краткорочните мерки изгласани неодамна од Советот во услови кога ќе се надмине прагот на загадување.

Вклучи-исклучи: ЈСП го укина бесплатниот автобус, од Градот велат до утре е бесплатно

Бесплатниот превоз важи и за приватните превозници. Покрај превозот, во краткорочните мерки спаѓаат и   запирање на сите градежни активности на градилиштата под надлежност на Градот при што се задолжува јавното комунално претпријатие да продолжи со интензивното чистење и миење на градските улици.