По трагите на „Исчезнатата криптокралица“

Џорџија Кет се сеќава на првиот пат кога го слушнала името „OneCoin“. Нејзин пријател вложил €70,000 во криптовалутата која ветувала.  „Сите беа апсолутно внесени во работата, велејќи дека „OneCoin“ ќе биде големо откритие.“ – се сеќава таа.

Според Кет, ББС радио продуцент, бледото ветување дека ќе има рефундација на нешто за што никој претходно не чул, изгледало премногу добро за да биде вистинито. Таа почнала да ја истражува криптовалутата и тоа што го откопала, го опишува како „совршена измама“: мултимилијардерска измама која ја комбинирала лажната валута со регрутирање на луѓ во пирамидска шема.

Највеќе од сѐ, таа била изненадена колку малку репортажи има на оваа тема. „„OneCoin“ беше хипер верзија на сѐ што се случуваше во светот; возбудата околу технологијата, стравот од пропуштање на големите откритија, лесното градење на кредибилитет, недовербата во естаблишментот и мејнстрим медиумите.“ За Кет, оваа измама била одлична прилика за поткаст и била во право. „Изчезнатата криптокралица – шоуто кое таа и новинарот за технологија Џејми Бартлет го направиле за „OneCoin“ беше голем хит.

Но која е всушност криптокралицата?

Кет и Бартлет неуморно ја следеле крипто измамата, со сите заплети и приказни од обични луѓе кои ја изгубиле својата заштеда. Првата таква личност, Џен МекАдам, не само што ја вложила целата своја заштеда, туку ја убедила својата фамилија исто така да инвестира, со заеднички губиток од околу £220,000.

Новинарите биле интригирани и од основачот на „OneCoin“, жената со бугарско потекло Ружа Игњатова, која пропадна во земја во 2017 година, кога полицијата се заинтересира за компанијата. Игњатова требало да се појави на настан во Лисабон, но се качила на авион за Атина и исчезнала. Нејзиниот брат, Константин, оттогаш е приведен од ФБИ.

Поткастот умешно се движи низ возбудливата приказна на Игњатова, гламурозна претприемничка со диплома од Оксфорд која привлече реки од луѓе на нејзините лекции. Потрагата по криптокралицита ги однела новинарите на најразлични места – од избор за мис во Романија организиран од „OneCoin“ до гратче во јужна Германија каде фамилијата на Игњатова порано поседувала фабрика за металургија. Недела по недела, приказната се проширила во чудни насоки.

Мешавината од криминал и технолошка бајка продолжила да се расплеткува во текот на продукцијата на поткастот. Последната епизода на поткастот задоцнила пет дена, бидејќи новинарите решиле да следат потенцијална трага која би ги довела до Игњатова.

Според Бартлет, истражувањето за „OneCoin“, што сѐ уште функционира, е погубен. „Може да е малку страшно“ – вели тој. На интернет можете да прочитате најразлични шпекулации. Не ги земаме предвид, највеќе поради легални причини, но шпекулациите кој сѐ е инволвиран, скриените луѓе позади измамата, кои криминални групи се инволвирани – сето тоа го имаме во позадина.

Но без разлика на сѐ, новинарите продолжиле да го истражуваат минатото на Игњатова, упорни да откријат што ја натерало личноста полна со таленти да стане дел од измама. „Таа е неверојатно фасцинантна личност“ – вели Бартлет. „Таа е неверојатно храбра на чуден начин и предизвикува неверојатна опсесија кај луѓето кои ја следат“.

„Ние најпрво ја перцепиравме како предна карикатура, за потоа да почнеме да ја перцепираме како неверојатно интелигентна и високо квалифакувана. Накрај сфативме што таа навистина е – експерт за работење во сивата зона на животот, која наоѓа дупки во законите и правилата“ – велат новинарите.

Извор: Guardian