По серијата се појави и видеоигра, авторите на „Чернобилити“ најавуваат заплет и емоции

По популарната серија на HBO за нуклеарната катастрофа во Чернобил се појави и видеоигра со слична тематика.

„Чернобилити“ е нова видеоигра која од скоро е поставена на „Кикстартер“ платформата за собирање средства. Кампањата веќе насобра повеќе од 200 илјади долари.

Авторите за својот проект претходно направиле 3Д мапирање на околината, поради што може да се очекува реалистичен приказ на опкрожувањето.

Дејството се одвива по 30 години од катастрофата во нуклеарната централа, која се случувала во моментите кога сте биле млад и надежен физичар кој работел во постројката за електрична енергија. Во несреќата сте ја изгубиле девојката, поради што сега се враќате во Чернобил за конечно да се ослободите од духовите од минатото.

Авторите на играта ветуваат сложена и длабока приказна, преполна со заплети и емоции.

Сепак, нагласуваат дека бидејќи станува збор за видеоигра, не треба да се сфаќаат премногу сериозно историските факти.

Првата прилика за играње на „Чернобилити“ би требало да се случи во есен. Но, самата игра е најавена уште минатата година, пред да се популаризира серијата.