По повеќе од два месеци регистриран прв случај на Ковид-19 во Нов Зеланд

Нов Зеланд го пријави првиот случај на зараза со коронавирусот по повеќе од два месеци. Министерот за здравство Ешли Блумфилд изјави дека станува збор за 56-годишна жена која неодамна се вратила од Европа.

Како и другите пратници кои се враќаат во земјата, таа била 14 дена во карантин и била тестирана двапати негативно пред да се врати дома на 13 јануари. Подоцна развила симптоми и била позитивна на тестот.

Блумфилд претпоставува дека станува збор за позаразен вид на вирусот. Дополнително, тој посочи дека се истражува можноста дали патничката се заразила од некој кој бил во истата карантинска установа.

Нов Зеланд засега го елиминираше локалниот пренос на вирусот. Министерот за здравство истакна дека официјални лица ги засилуваат напорите за пронаоѓање контакти на патничката и тестирање, но и се надеваат дека ќе имаат повеќе информации за случајот во наредните денови.