По осум години, Њујорк го завршува проектот за засадување милион дрвја

Десетгодишниот план на Њујорк за засадување милион дрвја во градот финишира две години порано. Во паркот именуван по поетот кој ја напиша поемата „Trees,”(Дрвја), во градот Њујорк денеска ќе биде засадено милионитото дрво.

Поранешниот градоначалник Мајкл Блумберг прв го најави амбициозниот план во 2007 година. Тогаш тоа звучеше како недостижна цел.

„Ниту еден град не успеал да постигне ваква цел“, изјави тогаш Дебора Мартон, извршна директорка на проектот за реставрација на Њујорк.Таа рече дека главна предност на планот е јавно-приватното партнерство меѓу нејзината организација и одделот за паркови, а користа за заедницата е огромна.

„Да се имаат овие дрвја крај улицата го подобрува вашиот живот“, додава таа. Едноставно го прават тоа.

 

Мартон сепак додава дека работата не е завршена. Одделот за паркови и проектот за раставрација ќе бидат зафатен околу одржувањето на зелените простори во годините што доаѓаат.