По 30 години „ВордПад“ ќе биде отстранет од Виндоус

Мајкрософт повеќе нема да го ажурира текстуалниот процесор „ВордПад“ и планира да ја отстрани оваа програма од следните верзии на Виндоус, соопштија од компанијата.

Софтверскиот гигант најави дека наместо „ВордПад“ во иднина на своите корисници ќе го препорачува „Мајкрософт Ворд“ кој отсекогаш имал повеќе алатки и опации од основната „ВордПад“ апликација, која доаѓаше заедно со оперативниот систем уште од Виндоус 95.

Оваа вест доаѓа еден ден откако Мајкрософт објави дека ќе ја подобрува апликацијата „Ноутпад“ со алатки како автоматско зачувување на податоците и автоматско враќање на отворените јазичиња. Мајкрософт ја ажурираше оваа апликација за првпат по долго време во 2018 година.

„ВордПад“ во меѓувреме не обиваше такво влијание. Текстуалниот процесор беше ажуриран во ерата на Виндоус 7, а по мал редизајн за Виндоус 8 на софтверот немаше никакви поголеми промени, пишува „Верџ“.

Сега од компанијата велат дека оваа апликација ќе биде целосно отстранета од идните изданија на нивниот оперативен систем, што најверојатно ќе се случи со Виндоус 12 кој се очекува да профункционира во 2024 година со голем број алатки и услуги базирани на вештачка интелигенција.