„PMG Tanz Digital“ за промоција на „Децата“ и „Midnight robots“

Во „Епицентар“ на 8 февруари (сабота) e најавен нов настан „PMG Tanz Digital“.

Според најавите, се работи за прослава на современата македонска електронска музика и промоција на две изданија – „Децата“ на Galatheia и на „Midnight Robots“ на Зоран Веселинов, кој треба да настапи во живо.

Исто така, музичка поддршка на настанот ќе бидат и Андреја Шалпе и Мирко Попов со диџејски сетови.

„Подиумот за танц е резервиран само за Вас“, стои во најавата за настанот.

Настанот ќе почне од полноќ во „Епицентар“.