Плоштад Слобода: „Со ваши пари – Скопје се гради“

Плоштад Слобода во соработка со неколку локални активистички јадра од внатрешноста на Македонија во среда од 20 часот го организираат завршниот настан од проектот „Граѓански Активатор”, наречен „Со ваши пари – Скопје се Гради”.

Плоштад Слобода: „Со ваши пари - Скопје се гради“

Фото: РСЕ

Настанот предвидува прошетка низ Скопје 2014 со мобилни форуми со говори и дискусии за трошењето на јавните пари и растечкиот јаз помеѓу главниот град и провинцијата.

– Иако скандирањето „Со ваши пари – Скопје се гради“ низ салите и стадионите низ Македонија е намерно зајадливо и иритирачко, ние на оваа дискусиска прошетка сакаме да ја преиспитаме неговата вистинитост стоејќи непосредно пред најголемите јавни инвестиции во историјата на Македонија, соочувајќи ги активистите од внатрешноста со нивните проблеми, информираат од Плоштад Слобода.

Покрај нивните излагања, свои мислења ќе дадат и скопските активисти Искра Гешоска, Артан Садику, Васко Лазаревски

Активистичките јадра формирани од проектот “Граѓански Активатор” ги вклучуваат Дебар, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гевгелија, Битола, Велес, Крива Паланка, Делчево, Ростуше и Врапчиште.

– Во изминатите неколку месеци секое од нив идентификуваше проблем од локално значење и, споделувајќи знаења и искуство со другите јадра, иницираше кампања во насока на решавање на локалниот проблем. Тие ќе ги презентираат и своите предлог иницијативи на прошетката “Со ваши пари – Скопје се Гради”, соопштуваат од Плоштад Слобода.

Настанот ќе започне утре на платото пред стоковната куќа “Мост” во 18:00 часот.