„Плогинг“ во сабота – акција за собирање на отпад и џогирање на кеј на Вардар

Во сабота ќе се одржи прва „плогинг“ акција во Скопје. Станува збор за комбинација од џогирање и собирање отпадоци, идеја која за првпат се појави во Шведска, а денеска нашироко се организира во повеќе земји.

Акцијата ќе започне во 11 часот, на кејот на реката Вардар, со почетна точка од градскиот плоштад во Скопје. Во неа може да се вклучи секој што е загрижен за своето здравје и за природата.

Учесниците на првиот „плогинг“ настан ќе џогираат 2,1 километар во еден правец, или 4,2 километри.

Организатор на настанот е хотел Мериот во соработка со Амбасадата на Шведска.

Идејата, како што велат, е „плогингот“ во иднина да стане традиционален и да се организира еднаш месечно, на различни локации.