Плочка, криенка, брканица и разни детски игри на настанот „Шарени умови“

Во скопскиот Градскиот парк (кај споменикот Гоце Делчев) утре од 17 до 19 часот  ќе се одржува настанот „Шарени умови“ за младите граѓани.

„Сите заедно да играме криенка, плочка, брканица, да цртаме, да се влечеме со јаже, да скокаме во вреќи, да се натпреваруваме и да ја развиваме креативноста кај нашите децата. Ве очекуваат многу забава, подароци и изненадувања“, велат од Здружението за дислекција „Ајнштајн“.

Настанот е дел од иницијативата на „Ајнштајн“ за штетното влијание од современите технологии врз развојот на децата, а поддржан преку проектот на УСАИД за граѓанско учество и неделата на граѓански организации.