Плочка, брканица, криенка – интерактивен настан во Градски парк

Здружението за дислексија Ајнштајн организира интерактивен настан кој ќе се одржува во петок во Градски парк, со почеток од 18:30 часот.

Присутните ќе може да играат криенка, плочка, брканица, да цртаат, да се влечат со јаже, да скокаат во вреќи, да се натпреваруваат и да ја развиваат креативноста кај децата.

„Да ги оставиме таблетите и смарт телефоните барем за момент и да им покажеме на нашите најмили што значи вистинско детство“, стои во најавата за настанот.

Настанот е дел од неделата на граѓански организации поддржана од проектот на УСАИД за граѓанско учество – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност.