Плажа во Нов Зеланд купена преку јавна кампања е подарена на граѓаните

Речиси 40000 граѓани кои донирале 2,3 милиони новозеландски долари (1,7 милиони американски долари) за да ја купат плажата Авароа во Абел Тасман националниот парк се сега нејзини сопственици.

Донаторите на кампањата одбија голема парична понуда од бизнисмен, кој им понудил пари во замена за приватен пристап до плажата. Имотот со површина од седум хектари сега ќе биде управуван од националниот парк, а до него слободно ќе можат да пристапат сите граѓани.

Претходниот сопственик, Мајкл Спакман, се согласил да ја продаде плажата после откако онлајн „краудфандинг“ капмпањата ја постигнала целта за три недели.

„Ова е голем ден. Понекогаш се чувствуваме немоќно, па за нас, ова е огромно искуство и зајакнување на нашата позиција“, вели еден од учесниците во кампањата, Двејн Мејџор за ВВС.

Владата на Нов Зеланд дала мал придонес кон кампањата, за која Мејџор вели дека започнала поради „обичен инстинкт“.

Откако го добиле островот, граѓаните преговарале и со локалните Маори племиња, кои сметаат дека плажата треба да им припаѓа ним. Мејџор вели дека Маори заедницата ќе биде вклучена во одлучувањето за иднината на земјата.