Британски совет ја организира изложбата на интерактивна уметност PlayUK Arcadia 2018 во Скопје од 29 октомври до 4 ноември, што ќе се одржи во Музејот на современа уметност – Скопје и Младинскиот културен центар (МКЦ).
Посетителите ќе имаат можност да ги видат, а уште поважно да ги пробаат најновите изуми во областа на виртуелна реалност, видео игри, користење на податоци, човекови права и музика.
Настанот е бесплатен и наменет за сите возрасти.
На 29 октомври, фестивалот ќе започне со предавање на Forensic Architecture во соработка со Музејот на современа уметност – Скопје, еден од четирите кандидати номинирани за овогодинешната Тарнерова награда, најпрестижната награда за уметност што се доделува во Обединетото кралство.
Посетителите ќе имаат ексклузивна можност да го чујат предавањето на тимот што користи податоци и технологија за да создаде уметност во служба на заштита на човековите права.
Од 2 до 4 ноември публиката во МКЦ ќе може да види изложба на видео игри, музичка програма, како и Дневната соба на иднината, кратка интерактивна филмска инсталација што за првпат се претставува надвор од Обединетото кралство. Дневната соба на иднината е дело на Би-Би-Си, FACT, неколку британски универзитети и Илија Тирицковски, продуцент од Скопје.