Платформата Едуино доби отворена библиотека со активности и игри

На едукативната платформа Едуино од неодамна е достапна онлајн библиотека со активности наменети за деца од 3 до 10-годишна возраст, приспособени за играње и учење во домашни услови.

„Оваа секција од платформата Едуино содржи игровни активности кои може да ги пребарате според избор на тема, возраст и време за реализација. Активностите се опишани според унифициран шаблон во кој е наведен начинот на подготовка и реализација, а подолу има и фотографии и/или видео од изведба на активностите. Во библиотеката ќе најдете и подготвени дигитални игри и упатства за нивна инсталација и играње“, информираат од платформата.

На неа децата може да учат како да прават оригами, основни градинарски и математички вештини, како и ликовни техники.