Фестивалот „Bitola Outdoor festival“ ќе се одржи во месец во период од 23 до 25 септември на повеќе локации низ Општина Битола и Националниот парк Пелистер.
„Pelister Ultra-Trail“ е меѓународен настан организиран од Здружение за поттикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот „ БОФ “ Битола.
„Во него оваа година ќе бидат опфатени четири планинарски спортски дисциплини коишто ќе се одржат и спроведат во Националниот Парк Пелистер и тоа: планинарење, планински велосипедизам, качувањето по карпи и спортското качување и две меѓународни планински трки коишто се влезени во календарот на ITRA (Интернационалната асоцијација за планинарски трки), и истатите ќе се бодуваат на светската ранг листа за квалификација на светското финале во планинско трчање“, информираат од „БОФ“.
Од „БОФ“ за себе велат дека се доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани – спортисти и поддржувачи на спортот, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, вршење на дејности и активности со цел развој и подобрување на планинските спортови, за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, спортскиот дух, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Општина Битола и Република С. Македонија.
Во прилог целосната програма:
22 септември (четврток) – во 10 часот:
Прес-конференција за новинари и новинарски прашања
24 септември – Отворање на Bitola Outdoor Festival
Во период од 12:00 – 18:00 часот свечено отворање на Bitola Outdoor Festival и подигнување на стартните пакети. Истовремено, на одредена локација во Битола ќе има брифинг на тркачите и доделување на стартни броеви со фестивалски пакети за секој учесник и секако, последно запознавање со временската прогноза и состојбата на патеките и протоколите за сите учесници во планинарските трки.
25 септември – Трето издание на Pelister Ultra-Trail планинарски трки
Како главен настан во склоп на фестивалот ќе бидат две меѓународни планинарски трки, во должина од 20км и 46км кои ќе се одвиваат на паркингот кај Инфо центарот, Баба планина и Националниот Парк Пелистер. Пријавувањето за трките ќе се врши преку успешно пополнување на пријавата за една од трките преку веб страната www.pelisterultratrail.com каде на маил секој од пријавените ќе добие соодветна потврда за неговата пријава, правила и протоколи за учество.
Велосипедска тура
Велосипедска рекреативна тура. Собирно место кај Педагошкиот факултет во 8:30ч; тргнување во 9:30ч кон село Ротино и Ротинско езеро, потоа преку Голема ливада и Националниот парк Пелистер учесниците завршуваат кај Инфо центарот на Пелистер. Патеката е долга околку 20 км. Планинарска тура.
Со почеток во 8:00 часот и стартна точка Инфо Центар Пелистер, ќе се одржи планинарска тура до Црвени стени, локација на која секој учесник ќе има прилика повеќе да ги запознае убавините на Национални парк Пелистер движејќи се низ уникатната Моликова шума, и да ужива во прекрасните погледи од добро познатите Црвени стени на Пелистер.
Правила за учество
– трките се отворени за сите возрасти од двата пола, за лица кои имаат наполнето 18 години;
– не е опходна атлетска лиценца, ниту е потребно претходно искуство на вакви трки, меѓутоа секој учесник пред да го добие стартниот број ќе мора да потпише согласност за самоодговорност, односно дека е свесен за сите ризици коишто ги носи треил планинското трчање и движењето низ планина воопшто;
– секој учесник треба да е свесен и одговорен за сопствената психо-физичка подготвеност;
– секој учесник е должен да ги прифати правилата за еко одговорност, почитување на флората и фауната низ патеките по кои се движи;
– согласност дека за време на трчањето, според правилата на трките, секој учесник кој ќе направи прекршок (во зависност од прекршокот), ќе добие казнени поени, со додавање минути кон финишираното време или со директна дисквалификација од страна на организаторите.
1.Molika Тrail 46K
Национален Парк Пелистер, 25.09.2022 година, почеток во 06:00 часот.
Почнувајќи од срцето на Националниот парк, патеката ќе ве однесе низ срцето на Националниот парк Пелистер. Првата половина од патеката ќе ве однесе до длабоката уникатна Моликова шума, каде потоа преку контролната точка Цапарска пресека каде патеката продолжува низ длабоката Моликова шума кон самиот врв Пелистер на 2601м надморска висина каде се отвораат бескрајните прекрасни хоризонти и пејсажи на Баба Планина, како што се Преспанското езеро со националниот парк Галичица, Ниџе планина со врвот Кајмакчалан како и погледи кои стигнуваат сѐ до прекрасниот Олимп. Патеката потоа продолжува по широките планински ливади поминувајќи покрај Малото езеро, а потоа следува спуштање преку местото викано Широка се до финишот кај Инфо центарот на Националниот парк. Трката носи 2 бода според ITRA (International Trail Running Association), и целосно е во рамките на Националниот парк Пелистер.
2.Baba Тrail 20K
Национален Парк Пелистер, 25.09.2022 година, почеток во 08:00 часот.
Трката е со должина од 20км со денивелација од 1170м. Со почетна точка од Инфо Центарот на Националниот парк, патеката продолжува до местото Цапарска пресека каде што почнува да се спушта до Голема Ливада. Патеката потоа продолжува низ срцето на Националниот парк Пелистер, длабоката борова шума Молика каде преку контролниот пункт на Горна Ливада и спуштањето до контролната точка Палиснопје ќе имате прилика да финиширате кај Инфо центарот на Националниот парк. Трката носи 1 бод според ITRA (International Trail Running Association), а истата целосно е во рамките на Националниот парк Пелистер.
Крај на фестивалот 17:00 часот.