Планинарење, велосипедизам и качување по карпи на Bitola Outdoor Festival

Годинава за првпат ќе се одржува Bitola Outdoor Festival на 15 и 16 август во Битола и Националниот парк Пелистер. Станува збор за иницијатива создадена да ја инспирира јавноста и да ги поттикне луѓето да се вклучат во спортови на отворено, да излезат на планините и да уживаат во придобивките што ни ги нуди природата.

На фестивалот ќе се претстават најпопуларните спортски активности на отворено – планинарење, планински велосипедизам, трчање по планински патеки и качување по карпи.

Покрај натпреварувачките настани, ќе има забавни активности на отворено и разонода што ќе се одвиваат околу главниот фестивал.

„Целта ни е во овие активности да можат да учествуваат лица од сите возрасти“, велат организаторите.

Покрај ова, ќе има и музика од локални и регионални бендови, музички уметници и диџеи. Сите тие ќе настапат во главната фестивалска област во ски-центарот НижеПоле-Стрежево.

За време на фестивалот, учесниците од сите возрасти ќе можат да бидат дел и од тематски работилници поврзани со активен животен стил, спорт, авантура, екологија и заштита на природата.

Целата програма е достапна на следниот ЛИНК.