Планетата земја вчера го потроши „буџетот“ за цела година

8 август оваа година е „денот на натфрлање“, односно денот кога луѓето ги потрошиле ресурсите за кои на планетата Земја и е потребно една година да ги обнови.

Датумот е пресметан според податоци на Обединетите Нации, обработени по методологија од непрофитната организација за истражување „Global Footprint Network“, чија цел е зачувување на животната средина.

Секоја година овој ден доаѓа се порано. На крајот на минатиот век се паѓал на 2 октомври, а сега натфрлањето доаѓа скоро два месеци порано.

NFA2016_animated_creditor_debtor

„Ова е возможно поради тоа што исфрламе повеќе јаглерод диоксид во атмосферата отколку што нашите шуми и океани можат да абсорбираат, истовремено и поради тоа што го намалуваме рибниот и шумскиот фонд многу побрзо отколку што може да се репродуцира и обнови“, се вели во соопштението до јавноста од организацијата.

Тие додаваат дека емисиите на стакленички гасови се главен фактор во еколошкото натфрлање и тие денеска претставуваат 60 проценти од потребите на човештвото од природата. How-many-planets-v3-900Доколку се постигнат целите од Парискиот климатски договор, потпишан од 200 земји во декември минатата година, емисиите на овие гасови треба да се намалува и конечно да исчезнат во 2050 година. Тоа би значело нов начин на живот на Земјата, велат од организацијата.

„Таков нов живот доаѓа со многу предности, а остварувањето на тој нов живот бара напори. Добрата вест е дека тоа е остварливо со сегашната технологија и има финансиски предности со оглед на тоа што вкупните придобивки ги надминуваат трошоците. Ќе се стимулираат растечките сектори како што е обновливата енергија, додека ќе се намалат ризиците и трошоците од влијанието на климатските промени на несоодветната инфраструктура. Единствениот ресурс кој ни треба во поголем капацитет е политичката волја“, вели Матис Векернагел директорот на „Global Footprint Network“.

Со сегашниот тренд, на човештвото му се потребни 1,6 планети за да ги задоволи своите годишни потреби од ресурсите кои ги произведува Земјата.

Организацијата освен за планетата во целост, прави и статистики за дефицитот или резервите на биокапацитет по држави. Тоа го пресметуваат според податоците за големината на земјите и природните ресурси со кои располагаат, кои се споредуваат со количините на ресурси кои се потребни на секоја држава посебно. Тој однос потоа покажува дали државата троши повеќе или помалку од својот биокапацитет.

Гвајана, Конго, Боливија и Бразил имаат резерви во оваа еколошка категоризација, додека Сингапур, Израел, Луксембург и Јужна Кореја се државите со највисок дефицит.