Питер Динклиџ побара од фановите на „Игра на тронови” да престанат да купуваат хаски

Питер Динклиџ и активистите на светската организација за етички третман на животните -ПЕТА, апелираат до фановите на „Игра на тронови“ да не купуваат хаски, бидејќи наликуваат на митските волци во серијата наречени „direwolves“, само за да ги напуштат откако ќе им помине популарноста.

„Ова не само што ги повредува сите кучиња без куќи кои чекаат шанса за добар дом во засолништата, туку и од засолништата известуваат дека многу од оваа врста кучиња се напуштаат – како што често се случува кога кучињата се купуваат со импулс, без да ги разбираат нивните потреби“, рече Динклиџ во изјавата објавена од страна на ПЕТА.

„Direwolves“ се големи и интелигентни волци кои потекнуваат од митологијата на „Игра на тронови“. Тие се посебно поврзани со Хаус Старк, домот на најголемите херои во серијата, меѓу кои и Џон Сноу (Кит Харингтон) и Арија (Меиси Вилијамс), единствените ликови чии „direwolves“ се уште се живи во шоуто.

Динклиџ ги предупредува сопствениците на миленичиња дека хаските имаат потреба од доживотна нега, вклучително и вежбање и чешлање.

„Ве молам, ако сакате да донесете куче во вашето семејство, бидете сигурни дека сте подготвени за таква огромна одговорност и не заборавајте секогаш, секогаш, да вдомувате од стационар”, рече тој.

ПЕТА забележува дека претходните холивудски проекти како „101 далматинец“, „Беверли Хилс Чивава“, „Легално русокоса“ и „Мажи во црно“, исто така, поттикнаа голема продажба на постари раси на кучиња кои подоцна се појавија во стационарите поради неодговорно сопствеништво.