Пиратската партија е прва на рејтинг листите за владините избори во Исланд

Кон крајот на месец октомври, во Исланд ќе се гласа за нова влада. Малата скандинавска држава се соочува со големи политички промени, но може ќе станат и поголеми, бидејќи Пиратската партија води на рејтинг листите.

Пиратската партија „си дише во врат“ на државните рејтинг листи со Партијата на независноста, една од најстарите партии во Исланд која моментално е дел од коалициската влада, заедно со Прогресивната партија.

Иако Пиратската партија е нова за многумина надвор од малата островска нација, крева глас во исланд, особено после политичкиот пресврт со кој земјата се соочи во 2016.

Протекувањето на познатите Документи од Панама во април предизвика немир во малата островска држава, бидејќи во документите се откри дека поранешниот премиер Давид Гунлаугсон има оф-шор фирми за проневерување на данок, по што имаше масовни протести и беше принуден да даде оставка.

Пиратската партија на Исланд е формирана во ноември 2012, а е всушност гранка на партијата формирана во Шведска во 2006 година, во битката за реформирање на законите за авторски права на интернет. Сега има Пиратска партија во десетина држави, но исландската е особено популарна во последните 18 месеци.

Партијата се залага за шест основни цели: критичко размислување, граѓански права, право на приватност, транспарентност и одговорност, слобода на информирање и изрзување, директна демократија и право на сопствен избор.

Меѓу останатите цели, партијата сака да создаде и нов Устав, базиран на нацрт напишан од јавноста во 2013 година, во кој му се нуди азил на Едвард Сноуден, вели лидерката на партијата, поетесата Бригита Јонсдотир, порано дел од Викиликс.

Јонсдотир е и дел од Исландската иницијатива за модерни медиуми.

Исланд е уставна република која избира претседател и парламентарни претставници на секои четири години. Има 63 пратеници, а партијата која ќе добие повеќе од 32 седишта го има мнозинството во владата.

Моментално, Партијата за независност и Прогресивната партија имаат по 19 од вкупно 63 пратеници како коалиција, а Пиратската партија има само тројца.

Последните парламентарни избори биле одржани во 2013 година, а наредните требало да се одржат во април 2017.