„PINKI“ – супер брз моторцикл кој го развиваат сараевските студенти

Студенти на Машинскиот факултет при Универзитетот во Сараево развиваат супер брз моторцикал со врвни перформанси. Се работи за дизајнирање и конструкција на моторцикал со врвни перформанси со помош на комјутерска програма за 3Д моделирање и конструирање (CAD software), кој кога би имале средства би можел целосно да се изработи.

pinki

Освен овој софтвер, студентие ја користат и таканаречената „Cloud“ технологија која подразбира онлајн работа и сите членови на тимот во секој момент имаат пристап до работата на останатите колеги. Проектот кој го нарекуваат „PINKI“ подразбира целосно конструирање на сите делови на моторциклот, нивното 3Д моделирање и на крајот приспособување за се добие релниот изглед на моторциклот.

1

За сега се развиени околу 800 поединечни делови на моторот кои е однесуваат на главната рамка, „V“ моторот на моторциклот, преносот и точките со системот за кочење, како и системот за пренос на сила. Во иднина се продолжува со развој на турбините, ISO, карбураторот, издувните колектори и друго.

„PINKI“ - супер брз моторцикл кој го развиваат сараевските студенти

– Ова е уште еден показател дека студентите се способни да решаваат комплекси проблеми кои можат да се понудат на денешното инженерство и тоа со малку волја за работа надвор од наставната програма, како и со помош на асистентите. Со проектот студентите се стекнуваат со искуство потребно за вработување, кое не се постигнува само со редовните студии, наведуваат во соопштението од Машинскиот факултет во Сараево.

Извор: Радио Сарајево

Превод: И.Ч.