Пинк Флојд се обединија во поддршка на „Женскиот брод до Газа“

Поминаа 11 години откако Пинк Флојд се обединија за Лајв 8 концертот во Лондон, но сега тројцата преостанати членови на групата повторно ги ставија разликите зад себе поради заедничко добро, кое, сепак, не е поврзано со музиката.

Дејвид Гилмор, Ник Мејсон и Роџер Вотерс излегоа со заедничка поддршка за „Женскиот брод до Газа“, иницијатива на група жени од повеќе земји од светот кои, минатиот месец, пловеа од Барселона до Газа, спонзорирани од Коалицијата Freedom Flotilla, група која се противи на израелската „опсада на Газа“. Женскиот брод беше пресретнат од израелската морнарица на почетокот на оваа недела, а екипажот уапсен. Се очекува да бидат депортирани во следните денови.

Фејсбук страната на Пинк Флојд истакна пост на заедничка поддршка.

Од Freedom Flotilla соопштиле дека очекуваат жените да бидат ослободени набрзо, во голема мера и поради вниманието кое Пинк Флојд го привлече кон нивната мисија.

Роџер Вотерс активно ги поддржува заложбите на Палестина уште од 2005 година, откако го посетил Израел. Тој повикал на културен бојкот на оваа Израел, како и откажување на институциите од сопствениот интерес во земјата, пишува Гардијан.

Фановите кои повеќе ги интересира музиката, отколку политиката на Пинк Флојд, можат да го почекаат 11-ти ноември, кога групата промовира сет од 27 дискови, наречен „Раните Години 1965-1972“, кои ќе содржат голема количина необјавен материјал.