Пијано рецитали на Арда Мустафаоглу во Прилеп, Струмица, Велес и Штип

Во текот на октомври и ноември, младиот пијанист Арда Мустафаоглу ќе одржи рецитали во Прилеп, Струмица, Велес и Штип.

Пијано рециталите следуваат по настапите во Франција, Грција, Германија, Србија, Бугарија и Турција, каде Арда одржа солистички концерти и освои награди на пијанистички натпревари, за што има бројни објави на медиумите.

Шеснаесетгодишниот Арда Мустафаоглу е добитник на многу први награди на пијанистички натпревари во Италија, Турција, Србија, Бугарја, Германија, Белгија, Албанија, Македонија и Грција, а настапува и со Македонската филхармонија.