Пијано рецитал на Арда Мустафаоглу во КИЦ-Скопје

Во понеделник, на 26 август, во салонот 19`19 на Културно информативниот центар – Скопје, младиот пијанист Арда Мустафаоглу ќе има солистички рецитал.

Арда Мустафаоглу oд својата седумгодишна возраст освојува награди на државни и меѓународни пијанистички натпревари. Настапува ширум Европа во: Белгија, Италија, Германија, Франција, Бугарија, Србија, Турција, Албанија, Грција…

Неговиот исклучителен придонес во афирмацијата на градот Скопје во светот, во 2018 година е вреднуван со наградата „13 Ноември“.