Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на натпревар во Германија

На меѓународниот натпревар за млади пијанисти „Kunst und Frieden” („Уметност и мир“) кој се одржа од 25 до 26 јули 2018 година во германскот град Хамелбург, пијанистот Арда Мустафаоглу го освои првото место.

Оваа награда следува по освоеното прво место на грчкиот натпревар „eMuse”, солистичките концерти во Париз и Сремска Митровица и настапите во Modane  (Франција) и „Megaron” – Атинската концертна сала.

Во август 2018 година Арда ќе има настапи во неколку германски градови, а потоа ќе се претстави и со солистички концерти пред македонската публика.

Настапите во Франција и Германија се поддржани од Министерството за култура.