ПичПрич за 8-ми март на тема „Добив“

ПичПрич, гала вечер на раскажување женски приказни, ќе се одржува по третпат во Скопје за 8-ми март.

Овој пат, темата е „Добив“, а настанот е закажан за 19:30 часот во киното „Милениум“.

Првата раскажувачка е преведувачка, активистка за работнички права, а беше и кандидатка за градоначалничка на Скопје – Марија Џонс. Втора е Ана Јакимска, млада наградувана и веќе позната режисерка (истовремено и компаративка).

Исто така, меѓу најавените раскажувачки се и писателката и феминистка Асја Бакиќ, феминистката и професорка на ЈИЕ, Маја Мухиќ и обвинителката во СЈО, Фатиме Фетаи.