ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни на тема „Фасада“ во МНТ

Шест жени од различни општествени и културни области на 4 март, од 20 часот во Македонскиот народент театар ќе раскажуваат на тема „Фасада“.

Свои приказни на темата ќе раскажат: Лидија Димковска, Салија Бекир Халил, Жаклина Стефковска, Принцес Донацу, Зана Оџа (Косово) и Јелена Вељача (Хрватска).

„Ја замолуваме публиката да се облече како за на бал. Еве ви шанса да ги извадите од нафталин сите фустани и костими кои не сте имале прилика каде да ги покажете. Сите видови на чипки, ракавици, дијадеми и други светкави бижутерии се добредојдени“, стои во најавата за настанот.

Цената на билетите е 100 денари, а дел од износот потоа ќе биде дониран за Сигурната куќа за жртви од насилство.

На настанот ќе бидат доделени и наградите на номинираните во рамки на иницијативата WoW награди во рамки на проектот Жени за жени/ Women on women, во партнерство со Mesto žensk VoxFeminae и Outlandish Theatre Platform кофинансиран од програмата Creative Europe на Европската Комисија.