Петтo јубилејно издание на „Т’к Так фест“ ќе се одржи на 7 септември

Јубилејното петто издание на најголемиот македонски демофестивал, „Т’к Так Фест“ ќе се оддржи на 7 септември во Кавадарци. Ова е одлуката на организациониот одбор кој за јубилејното петто издание најавува ново дружење со „новајлиите“ на македонската рок сцена, но и со македонските рок легенди.

Организаторите ветуваат вистинско рокенрол шоу во Кавадарци, а како што велат, особено им е драго што годинава фестивалот ќе се оддржи на Денот на ослободувањето на Кавадарци, град кој според нив, веќе три децении важи за еден од најрокерските градови во Македонија, со богата музичка и фестивалска традиција.

Од фестивалот потсетуваат дека се уште е активен е и конкурсот за демо бендови кои како и минатите години, така и оваа, ќе се борат за вредни награди, а дополнителна мотивација е и Гран при наградата „Трајко Каров“ која му се доделува на најдобриот тапанар, а е во висина од 500 евра.

Конкурсот за пријавување останува отворен до 28 август. Демо бендовите треба да достават кратка биографија за бендот и линк од демо снимки на две авторски песни поставени на приватен Јутјуб канал на следната емејл адреса: tk_tak_fest@yahoo.com