Петто издание на „PMG Recordings Festival“ во Сектор 909

„PMG Recordings Festival“ по петти пат ќе се одржи во Сектор 909,  на 27 јуни. Како што најавуваат од колективот, на фестивалот и годинава ќе може да се проследат настапите на дел од најактуелните македонски музичари од инди рок и електронската сцена.

На фестивалот покрај „PMG Kolektiv“, ќе настапат „The Jonn“, „Millko“, „Robotek“, Видиновски и Нино Наумов.

„PMG Recordings festival e сонична евокација на праисконските музи на новото време.

PMG Recordings Festival е прослава на современата македонска музика и култура.

PMG Recordings Festival е автентичен скопски изблик, бидејќи во Скопје улиците пеат“, се наведува во поканата за фестивалот.

Бендот „PMG Kolektiv“ во текот на оваа седмица ја најави својата мини турнеја низ Хрватска и Словенија, како и нивните настапи на летните фестивалите во Умаг и Крањ.