Петто издание на „Крушево низ корија“

На 17-ти и 18-ти август ќе се случи петтиот по ред фестивал на отворено „Крушево низ корија“ кој ќе понуди кампување на Мечкин камен, традиционална тура со планински велосипеди, планинарска тура низ Крушевската корија и тандем летови со параглајдер.

Секој учесник на фестивалот треба уредно да ја пополни пријавата со што добива ваучер и белезица со кој ќе може да ги користи сите услуги и погодности што ги нуди фестивалот како што се:

1.Место во кампот на Мечкин камен;
2.Учество на MTB турите (мала и голема);
3. Учество на планинарската тура;
4.Можност за летање со параглајдер по повластена цена;
5. Дружење во кампот на целодневна журка со DJ и вечерната журка во кампот;
6.Сувенир маичка и марама со логото на фестивалот;
7.Освежување и мезе со производите на пријателите на фестивалот на постојните пунктови;
8.Освежување со пијалоци и овошје на пунктовите;
9.Заеднички ручек во Хотел Монтана;
10.Присуство на планински и велосипедски водичи ;
11.Присуство на мобилна сервис служба која ќе работи на отстранување на дефектите, доколку настанат при возењето;
12.Присуство на медицинска служба;
13.Присуство на служба за спасување;
14.Slow food дегустација ;
15.Спомен ТАПИЈА за учество на фестивалот;

Пакетот чини 500 денари.

Велосипедската тура ќе се вози на 18-ти (недела) на две патеки :

1.Рекреативна велосипедска тура низ Крушевските знаменитости
Старт 10:15 ч. Мечкин Камен

https://www.strava.com/activities/671367408

2. Офроуд велосипедска тура низ Крушевската корија
Старт 10 ч. Мечкин Камен

https://www.strava.com/activities/671465311

3 .Тандем летови со параглајдер ќе има во сабота од 10.00ч – 19.30ч и во недела од 10.00ч – 19.30ч . Сите љубители на летањето со параглајдер треба да си подигнат ваучер од кај организаторот (во кампот на Мечкин камен). Промотивната цена која ќе важи овие два дена е 1700 денари + 300 денари за оној кој ќе сака фото и видео материјал од летот;

4. Планинарската тура ќе се одвива по следната рута: Мечкин Камен -Манастир Св.Василиј-Манастир Св.Спас (каде што ќе има пункт со освежување и пауза) – се продолжува со искачување до Крушево, каде учесниците ќе можат да ги посетат културните знаменитости..Во Хотел Монтана за сите планинари има обезбедено планинарско гравче и салата.

Турата е средно тешка тура со должина од 14 км. Започнува во недела од 10 часот.

Организаторите порачуваат:

-Секој учесник на фестивалот при пристигнувањето во кампот е обврзан да пополни и потпише ИЗЈАВА за учество на сопствена одговорност;
– Секој учесник на велосипедската тура треба да има технички исправен планински велосипед;
– За секој учесник на велосипедската тура задолжително е носење на заштитна кацига;
– Сите учесници настапуваат на сопствен ризик , односно организаторот не презема одговорност за постапките на учесниците со кој би се загрозиле себеси или друите учесници.
– За малолетни лица потребно е придружба од родител-старател.
– Напред возат лица со рефлектирачки елеци кои учесниците треба да ги следат.
– Строго е забрането возење пред лицата што ја водат групата и напуштање на обележаната патека.