Петто издание на „Амнезија опен ер фест“ во Лешок

На 27 август, во тетовското село Лешок ќе се одржи јубилејното, петто по ред издание на традиционалниот фестивал „Амнезија“ со кој ќе се означи крајот на летото и враќањето на секојдневните обврски.

Со целовечерен концерт ќе настапат милениците на публиката „Нокаут“, а загревањето на публиката ќе биде со „SheXpeare“ и „ConTruDj“ (Zoki Conga, Dadoni Trumpet и Dj Mikar) и GrooveON.

Организаторот, „Горила продукција“ очекува добра посетеност и годинава, а билетите се со цена од 200 денари.