Петта размена на облека во „Олд скул“

На една недела пред 10-тиот роденден на кафулето „Олд скул“ во Скопје, се организира петтата размена на употребена, но сочувана облека.

Правилата остануваат исти – секој граѓанин може да понесе облека, или работи кои веќе не му се потребни, а за возврат добива онолку колку што донеле. Може да се избере од изложените работи.

Размената на облеката е бесплатна.

„Расчистете ги плакарите, подгответе се за пролетта и бидете хумани. Како и досега, се што ќе остане ќе донираме на по ранливите категории, наши сограѓани“, велат од „Олд скул“.

Размената ќе се одржи утре, со почеток во 11 часот, а ќе трае до 19 часот.