„Петрунија“ се закити со две награди во Тирана

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот Деа Филмски Фестивал во Тирана (2 до 8 Мај) освои две награди – главната награда за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога која ја доби Зорица Нушева за нејзината интерпретација на Петрунија.

Петчленото жити предводено од Холанѓанката Клаудија Лансгенберг, со голема радост и оптимизам за балканската кинематографија го соопшти главниот победник „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска.

На церемонијата во Тирана присуствуваа нашите двајца актери Зорица Нушева и Џевдет Јашари, кои ги примија наградите.

Петрунија во месец мај ќе биде преставен на 3 фестивали и по Тирана патува на фестивал во Романија каде филмот е откупен и за кино дистрибуција, и оттаму и во Украина.