Петок прогласен за неработен ден во Венецуела, ќе се штеди струја

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро има нова стратегија за борба против големата енергетска криза, подолг викенд за сите работници.

Работниците ќе имаат неработен петок следните два месеци, како дел од вонредните мерки да се штеди струја, соопшти претседателот.

Заради големата суша што ги остави хидро-акумулациите во земјата на екстремно ниски нивоа, со цел да се заштеди струја владата воведува тридневен продолжен викенд, почнувајќи од утре, а ќе трае до 6 јуни.

Претседателот Мадуро, исто така нареди државните индустриски компании да ја намалат потрошувачката на струја за 20%, исто како што претходно им беше наложено и на владините институции.

Венецуела ги има едни од најголемите светски резерви на нафта, но поради нејзината ниска цена последниве две години, економијата на земјата е во хаос, со галопирачка инфлација,  недостиг на основни производи како сапун или тоалетна хартија и постојани рестрикции на електрична енергија.