Петочна џез вечер во кафе – книжарницата „Магор“

Овој петок (23 јануари) во кафе книжарницата „Магор“ ќе се организира џез вечер на која ќе настапи составот „Next to Silence“ со Јаромир Бенеш од Чешка. Покрај Бенеш на гитара, публиката ќе ја забавуваат и
Александар Николовски (труба), Драган Стојковски (бас-гитара) и Гоце Наумов (барабани).

Next to Silence е џез состав кој во својот репертоар вклучува исклучиво композиции од реномираната европска издавачка куќа ECM, за која работат голем број видни jazz музичари и состави. На нивните настапи изведуваат неколку реаранжирани дела од богатиот опус на Enrico Rava, Jan Garbarek, Carla Bley, John Abercrombie, Dave Holland, Terje Rypdal, Shankar, Jim Pepper, Gary Burton, Art Ensemble of Chicago, Bill Frisell, Jon Balke, Nils Petter Molvaer и други.

Петочната џез вечер во кафе-книжарницата „Магор“ започнува во 22 часот.

Емилија Славковска, вокал и гитара

Во четврток пак, со почеток во 21 часот, посетителите на „Магор“ ќе може да го проследат настапот на  Емилија Славковска, вокал и гитара.