Петнаесетто издание на „Недела на италијанскот јазик“

Петнаесеттото издание на „Неделата на италијанскот јазик во светот“, ќе се отвори вечерва (19 октомври) во 18.30 во ЕУ Инфо центарот, во седиштето на Делегацијата на ЕУ.

Оваа година „Неделата на италијанскиот јазик во светот“ е посветена на темата „Италијанскиот јазик и музиката“, но отворањето му е посветено на таткото на италијанскиот јазик, Данте Алигиери, во чест на 750 годишнината од неговото раѓање.

По тој повод, ќе се обрати генералниот секретар на Здружението „Данте Алигиери“ од Рим, Алесандро Мази, а настанот ќе го отвори амбасадорот на Италија, Ернесто Масимино Белели.

Потоа ќе следи предавање за „Данте во македонската литература“ од професорката Анастасија Ѓурчинова, двојазично читање на фрагменти од Божествената комедија, како и изложба подготвена од студентите на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

„Неделата на италијанскиот јазик во светот“ се одржува од 19 октомври па сè до крајот на месецов и предвидува низа настани, меѓу кои проекции на филмови, предавања на Катедрата за италијански јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, обука за наставници по италијански јазик организирана од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје, со гостување на двајца професори од реномираниот Универзитет „Ка Фоскари“ од Венеција.