Петнаесет починати, 628 новозаразени и 531 оздравен од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 15 лица, односно, седум пациенти од Скопје на 76, 63, 84, 82, 75, 80 и 75 години, тројца од Велес на 41, 86 и 57 години, двајца од Гевгелија на 60 и 51 година, еден до Ресен на 70 години, еден од Делчево на 59 години и еден пациент од Охрид на 87 години.

Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се потврдени 628 новозаразени, односно, регистрирани се 353 случаи во Скопје, 36 во Прилеп, 34 во Велес, по 33 во Куманово и Тетово, 28 во Битола, 20 во Струмица, 17 во Охрид, 13 во Штип, 11 во Струга, по седум во Кавадарци и Гостивар, по шест во Крива Паланка, Свети Николе и Кичево, четири во Делчево, три во Пробиштип, по два во Радовиш, Македонски Брод, Берово и Неготино и по еден случај е регистриран во Демир Хисар, Виница и Ресен.

Институтот за јавно здравје регистрирал 531 оздравен пациент, односно во Скопје-281, Куманово-18, Дебар-12, Штип-6, Прилеп-9, Тетово-31, Струга-4, Велес-9, Битола-15, Охрид-8, Кавадарци-9, Гостивар-11, Гевгелија-10, Струмица-14, Крива Паланка-12, Радовиш-3, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-9, Валандово-2, Виница-6, Делчево-31, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-7, Неготино-2.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27827, бројката на оздравени пациенти е 19479, на починати е 949, а бројот на активни случаи изнесува 7399“, стои во соопштението на МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се 13 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 110 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се осум деца и десет позитивни мајки и три деца и три мајки суспектни на Ковид-19

„Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 304 позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 238.011 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.236 тестови.