Петмина починати, 159 новозаразени и 212 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 159 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 45 случаи во Скопје, 26 во Куманово, 12 во Прилеп, десет во Штип, девет во Дебар, седум во Кавадарци и по шест случаи во Гостивар и Крива Паланка. Пет случаи на Ковид-19 се регистрирани во Тетово, по четири во Струга, Велес и Струмица, по три Гевгелија, Пехчево, Делчево, по два во Битола, Охрид, Кочани и Пробиштип и по еден случај е регистриран во Берово, Кратово, Свети Николе и Кичево.

Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 починале пет лица, односно, пациентка од Скопје на 61 година, двајца пациенти од Дебар на 43 и 86 години, пациент од Кичево на 62 години и пациент од Демир Хисар на 70 години. Сите се починати во болнички услови, додаваат од МЗ.

Институтот за јавно здравје регистрирал 212 оздравени пациенти, односно, 49 од Штип, 45 од Гостивар, 42 од Куманово, 35 од Скопје, десет од Тетово, по шест од Радовиш и Пробиштип, четири од Битола, по три од Прилеп и Македонски Брод, по два од Струга, Струмица и Кичево и по еден од Охрид, Крива Паланка и Свети Николе.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14163, бројката на оздравени пациенти е 10933, на починати е 590, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2640“, соопштуваат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се шест пациенти, а вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 41, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, осум позитивни деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 108, позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 145.705 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.018 теста.