Петмина починати, 142 новозаразени и 98 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 142 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 37 случаи во Скопје, 18 во Куманово, 13 во Струга, девет во Гостивар, по осум во Прилеп и Крива Паланка, седум во Делчево, пет во Кочани, по четири во Битола, Струмица и Пехчево, по три во Штип, Струга, Пробиштип и Виница, по два во Македонски Брод, Берово, Кичево и Ресен и по еден случај е регистриран во Дебар, Радовиш, Крушево, Валандово и Кратово.

Од МЗ информираа дека од Ковид-19 починале пет лица, односно двајца пациенти на 84 години од Прилеп и Охрид, пациент од Македонски Брод на 46 години, пациент од Штип на 58 години и пациент од Гостивар на 69 години.

Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравени пациенти, односно, 20 од Скопје, 11 од Струга, по десет од Куманово и Штип, шест од Гостивар, пет од Кичево, по четири од Прилеп, Велес, Кавадарци и Делчево, по три од Тетово, Битола, Берово и Свети Николе, по два од Охрид и Пехчево и по еден од Гевгелија, Струмица, Кочани и Виница.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15555, бројката на оздравени пациенти е 12994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1919. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се седум пациенти, а вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 39 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 136, позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 163.132 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.542 теста.