Петмина починати, 119 новозаразени и 297 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале пет лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 49 и 50 години, пациентка од Тетово на 46 години, пациент од Куманово на 63 години и еден пациент од Прилеп на 82 години. Сите се починати во болнички услови.

Од МЗ соопштуваат дека во последните 24 часа се потврдени 119 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 53 случаи во Скопје, 13 во Прилеп, девет во Куманово, по шест во Гостивар и Делчево, пет во Берово, по четири во Штип и Тетово, по три во Кочани, Свети Николе и Кичево, по два во Струга и Пехчево и по еден случај е регистриран во Велес, Битола, Охрид, Крива Паланка Радовиш и Неготино.

Институтот за јавно здравје регистрирал 297 оздравени пациенти, 85 од Струга, 56 од Скопје, 37 од Штип, 34 од Охрид, 20 од Струмица, 15 од Кичево, 13 од Велес, девет од Куманово, шест од Битола, по четири од Тетово и Македонски Брод, по три од Прилеп, Струмица и Пробиштип, два од Крива Паланка и по еден од Демир Хисар, Виница и Кратово.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13914, бројката на оздравени пациенти е 10507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2829. Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчерашните тестирања“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се три пациенти, а вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 50 пациенти, а нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест деца позитивни, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 105, позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 142.158 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.065 теста.