Уметничка инсталација ќе ја буди свесноста кај жителите на Мелбурн, Австралија.
Пет метри високата скулптура на надувување, создадена од белгиските уметници Дирк Шелекенс и Барт Пелеман, заплови по реката Јара.
Ова е прва инсталација на уметниците надвор од Европа, а беше поставена пред Меѓународниот ден на бегалците.
„Бегалецот“ ќе биде изложен до крајот на неделата, a претставува „десетици милиони бегалци кои треба да знаат дека Мелбурн може да биде нивен дом“.