Петиција за спас на зградата „Метелкова“ во Љубљана

18 невладини организации кои се сметени во позната зграда на улицата Метелкова, објавија петиција со која се спортиставуваат на барањата на Владата и Министерството за култура тие да се отселат од зградата.

Во продолжение интегрално го пренесуваме нивното соопштение за петицијата.

Невладините организации во Словенија се погодени од зголемено таргетирање од страна на рестриктивните мерки и реторики. Водејќи со власта, радикалната десна Словенечка демократска партија и премиерот Јанез Јанша се непријателски настроени кон невладините организации кои придонесуват кон културолошка продукција, ги бранат човековите права, слободата на медиумите и известуваат за климатската состојба. Организациите се мета на легална и финансиска рестрикција, а пандемијата од коронавирусот е употребена за да ги оправда постапките. Медиумите, правните и независните тела се исто така под напад.

Владата на пример, ги блокира исплаќањата на филмските продуценти скоро една година, додека пак, Министерството за култура започна да ги менува условите за исплатите кои одлучуваат за конфинансираните проекти на невладините културни организации, така што Министерот има целосна контрола за алокација на средствата. За време на ваквиот развој на настани, и во време на драматичниот втор бран на епидемијата во земјата, од 18 невладини организации Министерството за култура побара да ги ослободат просториите во зградата „Метелкова“ број 6 во Љубљана, во која тие функционираат од средината на ’90 години.

Подоле потпишаните индивидиуи и организации го поддржуваат Одговорот на таквото барање кое е цитирано подоле, и бараат од Министерството за култура во Словенија да ја остави зградата Метелкова бр. 6, на располагање на досегашните станари. Ние повикуваме Владата на Република Словенја да престане со нападите кон цивилното општество и независната култура во Словенија и да обезбеи слободна, безбедна и поддржувачка средина за невладините организации.

Љубљана, октомври 2020.

Во понеделникот, на 19 октомври, невладините организации кои се сместени на улицата Метелкова, бр. 6 во Љубљана добија предлог за спогодбено раскинување на договорот за закуп од управителот на зградата на Министерството за култура и наредба тие да ја напуштат зградата до 31 јануари, 2021 година. Ако не ја напуштиме зградата, Министерството се закани на судска постапка на наша сметка. Како причина за иселувањето се наведува дека Министерството има потреба од просториите за сопствена употреба и има намера да ги реновира, иако во Буџетот реновирање е планирано дури во 2023 година. Сепак, Министерството не им понудило на станарите простории за замена, ниту пак остварило контакт со организациите. Престанокот на закупот пристигна на нашата адреса ненајавено, на денот кога беше прогласена вонредна состојба со полициски час. Бурно протестираме против ваквата одлука на Министерството и ја сметаме за напад врз граѓанското општество и независна култура, со цел да се спречи функционирањето на критичката јавност. Моменталната влада и особено најголемата партија во влада, „СДС“, никогаш не ги криеја ваквите намери.

Организациите кои функционираат на бр. 6 Метелкова, се изведени од наследството на граѓанските движења кои промовираа демократизација и демилитаризација на општеството во ’80, па имаа исклучително важна улога во прифаќањето на демократските политики по независноста на државата. Едни од клучните симболични моменти на овие напори се случија во 1993 година, кога културните работници, уметниците и активистите ги окупираа поранешните командни седишта и бараките на ЈНА, кои во Љубљана се наоѓаат на улица Метелкова. Оттогаш, местото функционира како простор каде различноста, солидарноста, дијалогот и критичното размислување се почитувани и барани. Моменталната власт се обидува да ги избрише овие вредности и оваа историја, иако Министерот се доживува себеси како мировен активист. Наместо демилитариција, оваа власт сака да ја убеди Словенија во купување на големи количества на оружје, а наместо демократизација, го следи авторитативниот пример на Унгарија, каде власта се справува на ист начин со невладините, како што Министерството за култура се обидува да направи со нас.

Денес, бр.6 на улицата Метелкова е дом на невладините организации, колективи и индивидуалци кои се бават со независна културолошка и уметничка продукција, а прават и истражувања за помалите заедници и етнички групи. Станува збор за интернационално признаени уметници кои создале безброј книги, филмови, магазини, изложби, конференции, фестивали, театарски и куклени изведби, интернационални проекти и  истражувања за време од 30 години. Дел од овие проекти биле финансирани од Министерството за култура кое сака да не избрка од просториите. Очекуваме Министерството да биде запознаено со оваа историја и да го поддржи знаењето и креативноста кои биле продуцирани тука. Но сосем спротивното – Министерството одлучи среде пандемија да ни ја одзеде основната инфраструктура, а оттаму и темелот на нашите цели. Во овој случај, треба да нагласиме дека Метелкова бр. 6 е единствената зграда во Словенија која Министерството за култура одлучи да биде во сопственост на независните културни, уметнички и истражувачки организации, како и на здруженијата кои се од јавен интерес.

Оттаму, го известуваме Министерството за култура и Владата на Република Словенија дека немаме намера да ја напуштиме Метелкова бр.6 и дека ќе се спротивставиме на сите можни начини на нападите кон граѓанското општество, независната култура и демократијата.