Петиција за отстранување на групата „Predator X“ каде ловџии се сликаат со убиени животни

Досега скоро 34.000 граѓани се потпишани на меѓународната петиција за отстранување на Фејсбук групата „Predator X“, која ја водат три администратори: Коди Монро, Кери Хупс и Џеф Џонсон.

„Тие со гордост се фалат за убиeни којоти, рисови, диви свињи и лисици и ги поттикнуваат обожавателите да споделуваат свои слики со животните што ги убиле“, пишува во онлајн петицијата.

Освен што фотографиите се вознемирувачки, иницијаторот на петицијата смета дека она што ги прави дополнително неподносливи е погледот на ловците.

„Фудбалот е спорт, а не колење животни“, стои во петицијата.

Иницијаторот смета дека оваа страница не треба да постои на Фејсбук, но не може да ја пријави бидејќи фотографиите не се порнографски или вршат директен напад.

„Сепак, овие фотографии ме навредуваат мене и многу други и немаат место на социјалната мрежа“, се вели во онлајн петицијата.