Петиција против концесија за стопански риболов на Дебарско Езеро

Спортското риболовно друштво „Трофта“ започна петиција против издавањето концесија за стопански риболов на Дебарско Езеро (акумулација Шпилје), која за неколку часа ја потишаа 600 лица, соопшти „Алсат М“.

Како што појаснуваат од друштвото, Дебарското Езеро речиси и да нема риби откако во периодот од шест години концесионерот до максимум го осиромашил рибниот фонд на езерото, непочитувајќи ги обврските и правилата за концесија.

Петицијата ќе биде доставена до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а е поддржана од граѓанскиот сектор и локалната власт. Краен рок за поднесување на понудите заинтересираните концесионери е 15 октомври.