Петиција на „Анима Мунди“ за затворање на стационарот „Вардариште“

„Ние, граѓаните на Европа и на светот, поединци и активисти на здруженија за заштита на животните бараме итно затворање на прифатилиштето за кучиња-бездомници „Вардариште“, јавна институција одговорна за хуман третман на кучињата скитници во Скопје, Република Македонија, поради долгогодишна злоупотреба на неговата главна функција“, се вели во петицијата покрената од организацијата за заштита на животните „Анима Мунди“.

Петицијата досега ја потпишале повеќе од 9 000 илјади граѓани, не само од Македонија, туку и од Германија, Франција, Италија, Велика Британија, Ирска и Грција. Но, за да биде успешна, потребни се 40 000 потписи.

„Вардариште“ претставува единственото вакво засолниште во Скопје, под надлежност на градоначалникот Коце Трајановски. Тоа е управувано од Јавното претпријатие за комунална хигиена, а директор е Ракип Дочи. Здруженијата за заштита на животните веќе пет години бараат засолништето да биде затворено преку протести и покревање на јавната свест за лошите услови во кои се наоѓаат бездомните животни сместени овде.

„Иако засолништето е финансирано од јавни пари, не е дозволено фотографирање на кучињата или условите внатре, вклучувајќи и слободно движење и слободен влез. Се работи под големо обезбедување и е повеќе како воен објект, отколку транзитен центар назначен за фаќање, кастрација и враќање на кучињата на улица, како и промовирање на хуманост и посвојување на кучиња“, велат од „Анима Мунди“.

Во видеото, направено во 2013 година се прикажуваат лошите услови на овој стационар. Онлајн петицијата е отворена за секој кој сака да ја поддржи оваа иницијатива и е достапна на овој линк.