Петгодишната пијанистка Ана Мазнејкова е поканета на крајот од март да настапи во престижниот Ројал Алберт Хол во Лондон, Велика Британија, заедно со пијанисти од САД, Сингапур, Тајланд, Русија, Јапонија, Австралија, Шведска, Швајцарија Полска, Италија и други земји.
Концертот е всушност церемонија на доделување на награди на победниците на пијано-натпреварот и на него, на Ана ќе и биде врачена диплома за освоена прва награда и златен медал.
Ова е шеста прва награда за Ана Мазнејкова, која во декември освои и прва награда на меѓународен натпревар во Белград. Досега, во својата биографија таа има и специјална прва награда од Париз и три први награди од меѓународните пијано-натпревари во Милано, Белград и Гевгелија.