Peter Sunde: Јас за мојата кауза отидов во затвор – што направивте вие?

Има неколку важни моменти во животот, кога сметаш дека нешто длабоко те потресува. Дипломирањето. Вашиот прв бакнеж. Пишувањето на првата книга, првото издавање на научен труд. Кога умира саканa личност. Кога го имате вашиот прв клиент во кафе-барот. За некои можеби изгледаат мали и тривијални, но за вас се големи и можат да ви го сменат животот.

Денес почувствував слично чувство. Чувство дека сме постигнале одредена критична маса. Критична маса која се вознемири со моменталната состојба на интернет, но, не на моменталната состојба на регулирањето на интернетот и она што му се ветува на светот. Критична маса која конечно сфаќа дека ние сме на патот кон демократија со вклучување на еднаквите.

The Pirate Bay е затворен. Тоа ги разочара луѓето бидејќи сфатија дека нивното омилено ТВ шоу утре ќе мора да го симнат од некое друго место. Тие размислија уште малку и одлучија дека ова е почеток на една лизгава патека. Тие сфатија дека ова можеби значи оти алтернативната содржина речиси е недостапна. Фактот што го централизираме интернетот, имајќи само неколку од централизираните услуги, главно во сопственост на компании во едназ емја, земја која не се грижи да ги премине границите кога сака да ги исполни целите, не е добра идеја.

Се формира движење. Движење кое е далеку од ова. И утре, кога ќе се разбудете, ќе кулминира во еден куп, можеби дури и милион луѓе, кои ќе ја видат група „Стоп за уништување на интернетот” или „Вратете ни го Pirate Bay ” на Фејсбук. И тие ќе притиснат „Ми се допаѓа“ и ќе се чувствуваат гордо. Тие конечно го направиле тоа. Тие го спасија интернетот од уништуваше.

Искрено, моето чувство на кулминација е навистина дотаму. Тоа е чувство што се однесува на 100 отсто од интернет заедницата која размислува „тоа не е мој проблем, некој друг ќе го поправи”. Но, не беше само тековниот случај со The Pirate Bay што ме доведе до ова размислување. Тоа веќе долго време доаѓа. Само неколку активисти се останати кои всушност си ја вршат работата. Ние сме недоволни, старееме и сме мрзливи. Ние се обидуваме да работиме паметно, додека се уште водиме семеен живот, ги водиме нашите животи со нашите момчиња и / или девојки и размислуваме за кариера. Многу од најдобрите активисти завршиле работа со полно работно време на проекти во организации како ЕФФ, кои нудат финансирање. Заедницата ги финансира организациите и дава чувство дека ако го направат тоа, овие луѓе ќе го поправат проблемот.

Го сопревме ACTA. Ги сопревме SOPA, PIPA. Работиме на запирање на TTIP. Имаме луѓе во парламентот. Затоа што тоа е начинот на кој ние функционираме сега. Интернетот стана меинстрим. Не можеме само да трчаме наоколу како диви активисти и да правиме што сакаме. Ние мора да го направиме тоа по правилен редослед. Ние треба да ги слушнеме и другите луѓе. Го нема повеќе дивиот запад. Значи ќе чекаме во ред. Дискутираме. Во меѓувреме, противниците стануваат поголеми и посилни. Тие веќе им платија на нивните стари политичари, така што пистата да одлетат беше доста кратка. Ние играме на нивниот домашен терен. И ние навистина сакаме храна на нашата маса и ние направивме многу повеќе од било кој друг.

Во исто време, има се повеќе АКТА / SOPA / PIPA / TTIP договори за кои никогаш нема да дознаеме. Кога ќе сопреме еден, три поминуваат незабележано. Ние се уште се бориме за задржување на датумот, иако победивме на Европскиот Врховен суд. Тоа е бескрајна приказна.

Ние имаме свои познати личности. Го имавме Викиликс. Го имавме Сноуден. Го имавме Менинг. Го имавме Арон Шварц. Некои од нив се мртви, некои се во затвор засекогаш. Некои од нив се во бегство – исплашени за нивните животи. Она што луѓето што го откриваат, она за што луѓето се борат, се главните причини. Слобода на информации. Слобода. Демократија. Транспарентност на Владата и на самиот процес. Работи што ги земаме сериозно се основа за безбедно современо општество. Ние зборуваме за тоа многу. Ние сме вознемирени. Ние плачиме, испуштаме крик. Понекогаш протестираме. Ги имаме нашите маици. Ги имаме нашите симболи. Ги имаме нашите маски, нашата конференција. Нашите дебати. Добиваме одредено внимание. Луѓето во принцип, како нас. Нашите противници се стари дебели копилиња. Најчесто тие се богати мажи од Соединетите Американски Држави. Тие се корумпирани. Тие лесно можеш да ги мразеш. Сето ова е како стар добар холивудски филм. Тип на филмови кои овие мажите ги прават за да заработат пари за да се борат со нас.

Но, филмовите нè научија дека на крај добрите момци победуваат, а знаеме кои се добрите момци. Знаеме дека ги имаме нашите права. Знаеме дека сме заштитени со закон. Ние исто така, разбираме дека законот не може да нè штити ако лошите момци тргнат по нас. Но, ние не направивме ништо погрешно, па затоа не сме загрижени.

Новинари ме контактираат секојдневно. Повеќето од нив се интелигентни, добро образовани и високо квалификувани професионалци. Тие се заштитени, бидејќи тие се од печатот. Тие можат да ги заштитат своите извори со закон, во повеќето земји. Тие сите ги објавија документите од Менинг. Тие го објавија она што Сноуден го протече како информација. Тие знаат за надзорот на NSA. Но, позади нивните умови, тие се исто така добрите момци. И ова PGP е тотално збунувачки, а Gmail е толку лесен за користење, и работи насекаде и тие никогаш не имале проблем со ништо. Тие не сакаат да завршат како Глен Гринвалд, параноично.

Јас никогаш повеќе не бев поканет на забави. Тоа не е бидејќи сум досаден, напротив обично сум забавен гостин полн со луди приказни, јас сум чуден мајмунски кловн кој ви кажува луди настани од реалниот живот низ кој сум поминал. Јас се имам сретнато со претседателот на Бразил, јас сум бил во затвор со убијци и шверцери на дрога. Но, тоа е исто како да се расправаме што не сум на Фејсбук, па кога некој ќе организира забава, тие претпоставуваат дека некој ќе ме покани. И сите претпоставуваат дека некој друг го направил тоа. Тие мислат дека јас сум толку параноичен со тоа што не сум на Facebook.

Јас сум секогаш вознемирен со некои од моите соработници. Тие се тешко достапни. Повеќето од нив немаат мобилни телефони. Ние треба да се одлучиме за место и време преку шифриран разговор, затоа што тие не сакаат да бида следени. Ако тие одложат јас нема да знам. Неколку пати сум чекал 6-7 часа, бидејќи возовите / чамците / автомобилите имаа проблеми. Кои мислат дека се тие со тоа што се обидуваат да бидат толку анонимни? Не сакам да завршам како нив, тие се толку ебено параноични. Претпоставувам дека мојот телефон не е прислушкуван, не сум интересен. Само затоа што знам голем број на луѓе кои би можеле да бидат интересни за некои влади не значи дека тие добие налог да ме допрат.

Во изминативе денови прочитав многу коментари за изјавата во која кажав дека посакувам The Pirate Bay да биде затворен засекогаш, така што нешто ново би можело да се појави. Нешто ново и свежо.

Толку многу од коментарите се остроумни. За тоа како сум мрзлив и дека не правам ништо, наместо само да зборувам за тоа како никакво стана TPB. Дека треба да се отвори нов сајт, наместо да им се дозволи на TPB да оди надолу. Дека тие сакаат да им го вратам нивниот пакет што ми го испратија кога бев во затвор за мојот активизам. Бидејќи јас нечинам поради тоа што не успеав да го вратам повторно Pirate Bay. Јас претпоставувам дека овие момци (да, сите тие се момци) се некои други активисти кои се трудат за отворена и либерална заедница. Ако е така, мора да сум грешка дека сме само неколку – очигледно постојат десетици илјади луѓе, кои всушност, прават важна работа што треба да ја цениме.

Моите чувства можеби не се ништо друго освен реакции за расипаните, мрзеливи и наивни делови на нашата интернет заедница. Можеби ги користам овие термини за да ги налутам луѓето уште повеќе. Но, јас отидов во затвор за мојата кауза и вашите ТВ емисии. Што направивте вие? Сакате да ви биде вратена копијата од книгата на Орвел „1984“? Ќе земам еден од 25 примероци што ги добив кога бев во затвор и ќе ви ја испратам. Можеби ќе ја прочитате наместо само да ја испратите на некој друг да го направи тоа за вас.